Кумановец баран за издржување затворска казна приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец вчера бил приведен на Граничниот премин „Табановце“, бидејќи надлежните органи го барале за издржување затворска казна.

Loading...

– На 19.05.2021 во 17.40 часот на Граничен премин „Табановце“, од слобода бил лишен С.И.(26) од Куманово, затоа што при извршена проверка било констатирано дека лицето, по телеграма од Сектор за меѓународна полициска соработка, се наоѓа во службената евиденција за издржување казна затвор за сторено кривично дело „прикривање“, казниво по член 261 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply