Европската вселенска агенција објави дека најголемата санта мраз во светот, наречена А-76, се одвоила од Антарктикот.
Според агенцијата, разделбата на сантата може да се види на сателитските снимки на европската програма Коперникус.
Ледениот брег, поголем од шпанскиот остров Мајорка, се оддели од Антарктикот и се лизна во морето Ведел. Овој огромен мраз е долг околу 170 километри и широк 25.
Мразот, со површина од 4.320 квадратни километри, прв го забележа британската станица за поларно истражување, која има база недалеку од таму. Се отцепи од ледената плоча на Антарктикот Рона и со тоа стана најголемата санта мраз во светот, по сантата А-23А со површина од 3.380 квадратни километри.
Агенциите известуваат дека ова кршење на толку голема ледена маса е дел од природниот циклус и дека може да се очекува дека оваа санта мраз наскоро ќе се подели на два или три дела.
Meet the new cool kid on the iceberg block: the recently calved #A76 is now the biggest iceberg in the world!
The iceberg was spotted by @BAS_News and confirmed from @usnatice using @CopernicusEU #Sentinel1 imagery.
Here’s how it looked on 16 May?https://t.co/GgFk6kIJLv pic.twitter.com/xOVWjidsZw— ESA EarthObservation (@ESA_EO) May 19, 2021
Кога ќе се одделат ледените гребени, нивото на морето се зголемува. Но, за колку?
Ледените гребени се пловечки плочи со дебел мраз што се наоѓаат во најјужниот дел на нашата планета, Антарктикот, како и на Северниот пол, Арктикот. Ледените гребени веќе лебдат во океанот, па топењето на ледените плочи не може директно да влијае на зголемувањето на нивото на морето во светот. Ова е објаснето со законот на Архимед.
Сепак, повеќето ледени гребени „се хранат“ со глечери (ледници) од копното. Глечерите се реки од мраз што течат бавно и течат кон ледените гребени. Тие помагаат да се контролира брзината и стабилноста на овие глечери со нивно запирање.
Ако ледените гребени се кршеле, топеле или распаѓале, глечерите побрзо ќе се лизнеле во морето, што би довело до покачување на нивото на морето.
Антарктичкиот полуостров, најсеверниот дел на Антарктикот, се загрева многу брзо во последните неколку години. Ова доведе до опасност да се срушат некои ледени гребени на полуостровот – вклучително и два добро познати, Ларсен Ц и Џорџ Шести.
Колапсот на Ларсен Ц, откако се распаднаа трилиони тони санта мраз, летото 2017 година, ќе го зголеми нивото на морето за 4 мм до 2300 година, додека колапсот на Џорџ Шести ќе го зголеми нивото на морето за 22 мм.