Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без вода во текот на денот ќе бидат повеќе локации во Куманово, поради дефекти на водоводната мрежа.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода денеска ќе бидат улиците „Никола Тесла“, „Јане Сандански“ и „Иво Лола Рибар“, како и населбите Долно Којнаре и Ајдучка Чешма.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

Leave a Reply