Недостаток од смртоносни инјекции во САД, затворениците бираат стрелање или столица

Сподели со своите пријатели

Поради недостаток на смртоносни инјекции, гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мекмастер, потпиша закон според кој затворениците осудени на смрт можат да изберат помеѓу стрелачки вод или електрична столица.

Loading...

Главната причина за донесување на ваков закон е недостатокот на смртоносни инјекции, што го доведе во прашање спроведувањето на смртната казна.

Јужна Каролина нема погубено затвореник од 2011 година.

Затворениците наизменично ја избираат инјекцијата, што доведе до одложување на извршувањето на смртната казна. Новиот закон треба да осигура дека нема повеќе пречки.

Во Јужна Каролина, 37 затвореници чекаат смртна казна.

Пред да се донесе новиот закон, Сенатот на таа држава одобри употреба на стрелачкиот одред на 6 мај, со што Јужна Каролина стана четврта држава што одобри нешто такво, покрај Мисисипи, Оклахома и Јута.

Недостатокот на смртоносни инјекции се должеше на сè понегативниот поглед кон институцијата смртна казна. Многу фармацевтски компании престанаа да продаваат компоненти што се користат за инјекциите.

На пример, најголемата фармацевтска компанија во светот, Фајзер, во 2016 година одлучи да осигура дека нејзините производи нема да бидат користени за смртна казна.

Loading...

Leave a Reply