Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс беше принуден да го напушти управниот одбор на компанијата откако беше откриено дека тој имал афера со една од неговите соработнички! Според Волстрит журнал, Гејтс имал „несоодветна сексуална врска“ во 2000 година со соработничка која работела како инженер во „Мајкрософт“.
Се се случило ненадејно
Сепак, 20 години подоцна, во март 2020 година, Гејтс одеднаш одлучи да го напушти одборот на директори на компанијата што ја основа, што потоа привлече големо внимание на јавноста.
Во 2019 година, Гејтс објави дека сака да се посвети на хуманитарна работа. Сепак, сега е откриено дека неговата љубовница, охрабрена од движењето „Me too“, испратила писмо до управниот одбор за нејзината афера со Гејтс.
Движењето „Me too“ се состоеше од жени кои јавно зборуваа за тоа како претходно биле сексуално злоставувани или силувани, но дека немале сила да зборуваат за тоа или им се заканувале да не откриваат детали.
Раководството на „Мајкрософт“ ангажираше независна адвокатска компанија да спроведе истрага, а љубовницата, чиј идентитет не беше наведен, инсистираше нејзиното писмо за деталите од аферата да и биде доставено на сопругата на Бил, Мелинда. – Одборот на директори на „Мајкрософт“ тогаш донесе одлука Гејтс да поднесе оставка поради несоодветен однос со еден од соработниците – наведува Волстрит журнал.
Независна истрага
– Во средината на 2019 година, добивме загрижувачко писмо дека Бил Гејтс имал интимна и несоодветна врска со една од вработените соработници во текот на 2000 година. Дадовме адвокатска фирма надвор од „Мајкрософт“ да спроведе истрага. Ние му дадовме целосна поддршка на авторот на писмото – изјавија изворите од „Мајкрософт“. Сепак, портпаролот на Бил Гејтс тврди дека аферата нема никаква врска со тоа зошто тој решил да ја напушти компанијата. – Ова е афера од пред 20 години, која заврши спогодбено. Гејтс реши да го напушти „Мајкрософт“ со цел да се посвети повеќе на добротворни цели и филантропија.