Неодамна објавената снимка од мистериозен предмет, создадена над крајбрежјето на Калифорнија, е автентична потврди американската армија, додавајќи дека видеото е снимено од воен брод и дека истрагата е во тек.
Видеото е објавено од американскиот филмски уметник Џереми Корбел, а може да се види топчест предмет како лета над океанот пред да исчезне во вода.
Откако снимката се прошири на интернет, Пентагон потврди дека настанот го снимиле американски морнари.
„Можам да потврдам дека сè е снимено од припадници на морнарицата, а истрагата за тој случај е во тек“, рече Сузан Гоф, портпарол на Пентагон.
The US Navy photographed & filmed “spherical” shaped UFOs & advanced transmedium vehicles; here is some of that footage. Filmed in the Combat Information Center of the USS Omaha / July 15th 2019 / warning area off San Diego @ 11pm PST. No wreckage found. No craft were recovered. pic.twitter.com/tK1YTG8sJ7
— Jeremy Corbell (@JeremyCorbell) May 14, 2021
Случајот го истражува специјална група за неидентификувани воздушни феномени (УАПТФ) формирана како дел од разузнавачките структури на Пентагон.
На снимката се слушаат и морнари, кои ја коментираат чудната глетка пред нив, а еден од нив потоа рече: „Леле, експлодираше“, осврнувајќи се на моментот кога падна во вода.
Иако Гоф не понуди други детали за видеото, Џереми Корбел тврди дека видеото е снимено во близина на Сан Диего во 2019 година од командниот центар на воениот брод УСС Омаха.
Пентагон претходно соопшти дека ја откажал програмата за следење на НЛО, но минатата година, во извештајот до Сенатот беше објавено дека работата ја продолжува друго тело, УАПТФ.
Сенатот му нареди на тоа тело да ги објави своите извештаи за НЛО до јуни.