Летото се наближува полека, но сигурно. И додека сите чекаме да се отворат клубовите, да се дозволат настапите на музичарите, дуото Два Бона и најуспешниот кумановец Тајзи, веќе го имаат летниот хит.

Вчера ја промовираа својата песнa „Југ“ што е нивна прва соработка.

Станува збор за песна со интересен ритам, на чиј текст и музика се потпишуваат самите изведувачи, а спотот е под режисерската палка на Томислав Живковиќ.

