Ја измамил за 131.000 евра: Никогаш не го запознала во живо но лудо му верувала

Сподели со своите пријатели

Рејчел Елвел од Браунхилс на Фејсбук објави слика од човекот кој ја довел до банкрот со романтични изјави со слатки зборови. Заради него, вели таа, останала без 131.000 евра.

Loading...

Рејчел, вели таа, добила порака на Фејсбук од непознат маж. Било 1 јануари 2021 година. Тој и рекол дека е од Ковентри, кој бил релативно близок со неа. Тој исто така и рекол дека е вдовец седум години, дека неговата сопруга починала од рак на дојка и дека сега е самохран татко на 10-годишна ќерка.

Рејчел забележала дека имаат многу заедничко – имаат кучиња кои ги обожаваат, сакаат да шетаат и танцуваат, како и да патуваат. Затоа, тие решиле да се видат во живо веднаш штом ќе се смират мерките против пандемијата.

 

 

Posted by Rachel Elwell on Tuesday, June 30, 2020

 

– Ми се чинеше искрен и уживав да разговарам со него – вели таа. Тие се допишувале првите неколку недели на Фејсбук, а потоа на  е-пошта затоа што нејзиниот додворувач и рекол дека планира да го затвори својот профил на Фејсбук бидејќи „жените го напаѓаат“.

Подоцна, тој исто така и рекол дека се обидува да обезбеди средства за инженерски договор што трае веќе четири месеци и дека го чека голем проект во Украина. Наскоро отпатувал таму и на Рејчел се јавил од украински број.

Loading...

Сепак, на 19 јануари работите започнале да се комплицираат, тој имал се повеќе проблеми и ја замолил Рејчел да му помогне. За почеток, таа му испратила 290 евра за да ги покрие трошоците за храна и такси.

Тогаш тој одеднаш тврдел дека бил киднапиран и дека само таа може да му помогне во моментот. Рејчел испратила заштеда од скоро 9000 евра. Потоа зела заем и му испратила 27.000 евра. За тоа време и испратил слики од подрумот каде бил „заробен“.

 

 

To all of my Facebook friends, I have some horrific news to share with you.

West Midlands Police have confirmed that I…

Posted by Rachel Elwell on Monday, May 3, 2021

 

– Тој требаше да се врати во Англија на 16 март, и јас организирав сè за него – од авионскиот билет до сместувањето и новиот пасош. Меѓутоа, додека го чекав тој ден, од Украина добив е-пошта дека е уапсен и дека веројатно сум била жртва на измама – вели Рејчел.

Одбивајќи да го прифати тоа, таа отишла на адресата на која тој наводно живеел со неговата ќерка, за да открие дека ниту тој ниту неговата ќерка некогаш живееле таму.

– Веднаш сфатив дека сум измамена. Сè уште не можам да разберам како испаднав толку наивена. Ми се смачи од сè после таа куќа – вели таа.

Loading...

Leave a Reply