Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 13 пациенти

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 13 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Loading...

Вкупно 319 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 1 прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти и 4 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

Во  ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 95 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 95 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 5 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 5 болни.

Вкупно 319 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Loading...

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 380 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Leave a Reply