Тајна сокриена во алпски глечер: Касарна како временска капсула од војната! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Глечер кој се топи во северна Италија откри планински шкрилци со касарна од Првата светска војна.

Loading...

Пештерата на планината Скорлуко на италијанските Алпи била воен дом на околу 20 австриски војници, а била откриена дури неодамна кога глечерот започнал да се топи.

 

 

Историчарот Стефано Моросини за Си-Ен-Ен изјави дека биле пронајдени вкупно околу 300 предмети – од душеци за спиење, монети, кациги, муниција, шишиња, лименки и весници.

„Овие работи од пештерата во планината Скорлуко ни откриваат, по повеќе од 100 години, дел од животот на еден војник на 3.000 метри надморска височина, каде што времето застанало на 3 ноември 1918 година, кога последниот австро-унгарски војник ја напуштил планината”, се вели во соопштението на музејот Бормио.

Новооткриените предмети исто така ги илустрираат екстремно тешките временски услови што војниците морале да ги издржат, вклучително и температури од минус 40 степени целзиусови.

Loading...

 

 

„Планинските касарни се временска капсула на Белата војна (како што бил наречен фронтот помеѓу Италија и Австро-Унгарија во Првата светска војна), што ни помага да ги разбереме екстремните услови на кои биле изложени војниците“, наведува Моросини.

Leave a Reply