Родителите на Ксуели Абинг од Кина ја оставиле пред сиропиталиштето по породувањето затоа што изгледала многу поразлично од сите деца.
Имено, ова 16-годишно девојче е родено со албинизам – наследно нарушување на производството на меланин што предизвикува дифузна хипопигментација на кожата, очите и косата.
View this post on Instagram
Кога имала три години, била посвоена од семејство од Холандија, кое и овозможило мирно и среќно детство, а на 11-годишна возраст Ксуели ги отворила вратите кон светот на модата.
За само пет години успеала да се појави на страниците на магазинот Вог, а соработувала и со бројни познати модни брендови и фотографи. Со својот уникатен изглед, таа ја подигнува свеста за албинизмот и ги охрабрува оние кои се како неа да бидат охрабрени и да ја прифатат нивната природна убавина.
View this post on Instagram
„Има сè повеќе модели со попреченост и оние со невообичаен изглед. Во светот на модата, да се изгледа поинаку е благослов, а не проклетство”, рече Ксуели, која во моментов работи за Зебеди Менаџмент, кој се обидува да ја промени модата, индустријата за рекламирање и медиуми.
„Луѓето може да ви кажат дека не можете да направите нешто, но можете, само обидете се“, вели оваа млада, инспиративна девојка.
View this post on Instagram