Кошаркарите на Куманово на домашен терен денеска остварија убедлива победа против составот на Вардар со резултат 112:78 и со тоа го завршија 22иот натпревар оваа сезона кој воедно е последен од регуларниот дел.
Првите десет минути на паркетот кумановци немаа сили за играта која ја диктираше гостинскиот состав па со предност од пет поени Вардар беше во водство.
Втората четвртина вардарци повторно го надиграа сино-белиот состав на тренерот Игор Ѓорѓиевски и на полувреме се замина со 45:52.
По кратката пауза кумановци се вратија во живот. Го бомбардираа кошот на противникот во третата четвртина и имаа 13 поени повеќе.
Последните десет минути на паркетот КК Куманово одржа лекција на противникот и со неверојатни 37 поени наспроти 9 на Вардар триумфираа во последниот меч од првата фаза оваа сезона.
Со 29 поени најефикасен играч во ростерот на Куманово беше Бранислав Ѓекиќ, додека со 18 зад него се Дамјан Робев и Отис Ливингстон. Двоцифрен број поени впишаа и Андрејевиќ, Црниќ и Глигоријевиќ.
Со 26 поени најдобра игра кај Вардар прикажа Дикембе.
Текст/фото: Никола Ивановски