Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со слаб ветер од јужен правец. Максималната дневна температура се очекува да достигне 27 степени целзиусови, додека УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 9.
Сабота носи значителен пад на температурата. Утре во кумановско ќе имаме сончево до умерено облачно време, но ќе дува засилен ветер од северен, односно северозападен правец.
Максималната дневна температура се очекува да достигне 18 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме сончево, топло и мирно време. ќе дува слаб ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне 23 степени целзиусови.
Стабилно и топло време може да очекува и на стартот на новата работна недела.
Никола Ивановски