Ајкула му ја откинала ногата, му дозволиле да го задржи забот како сувенир

Сподели со своите пријатели

На Австралиецот кој за малку ќе загинел во напад на голема бела ајкула му било дозволено да го задржи забот на предатор кој се заглавил во неговата даска за сурфање, пренесува Би-Би-Си.

Loading...

Сурферот Крис Блоус ја загуби левата нога и беше во кома десет дена по нападот во Јужна Австралија во 2015 година.

Забот на ајкулата остана во таблата, но државните закони забрануваат на луѓето да чуваат делови од заштитениот вид.

 

 

Во неговиот случај, државата направи исклучок, а Блоус рече дека ќе го задржи забот на ајкулата како сувенир.

32-годишниот Блоус сурфал во заливот Фишер во април 2015 година кога бил нападнат од позади од голема бела ајкула долга 5,5 метри.

Loading...

„Ме влечеше некое време и играше со мене, а потоа ми ја откина ногата“, се сеќава Австралиецот во интервју за Би-Би-Си.

Полицијата тогаш ја пронашла неговата даска на брегот, а пријателите на Блоус повикале брза помош, која го однела во болница во градот Аделаид.

 

 

– Моето срце запре целосно и мораа да ме реанимираат, сè додека не почнав да давам знаци на живот. Но, од тогаш, тие веќе не ме пуштаа да го гледам забот на ајкулата – додаде тој.

Според државните закони, секој што поседува, тргува или купува делови од голема бела ајкула, мора да плати казна од 55.000 фунти (63.500 евра) или да одлежи две години затвор.

Leave a Reply