Велосипедистите со ревијална трка порачаа дека и тие се дел од сообраќајот во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и велосипедски клуб ВЕЛО – М денеска спроведоа кампања за безбедно возење на велосипед.

Loading...

 

 

Кампањата со ревијално возење на велосипеди низ улиците на Куманово, а заврши со делење флаери за побезбеден сообраќај на возачите во централното градско подрачје.

 

 

Loading...

Целта е јакнење на свеста кај другите учесници во сообраќајот за почитување на велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот, но и потсетување на велосипедистите дека треба правилно и безбедно да управуваат велосипеди во сообраќајот.

– Денеска ја почнуваме кампањата во пресрет на претстојните празници кога се очекува топлото време и што поголемо учество во сообраќај со велосипеди, а воедно и промоција на велосипедот како алтернативно превозно средство кое на некој начин ја заштитува и животната средина, а воедно влијае и на здравјето на луѓето да се користи што повеќе и што помасовно, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово.

 

 

Богдановска потести дека освен што другите треба да ги почитуваат велосипедистите во сообраќајот, и тие треба да носат заштитна опрема, а кацигата е воведена како задолжителна со последните законски измени.

 

Loading...

 

Кампњата беше во соработка и со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Куманово.

– Денеска промотивно направивме движење со велосипедистите со цел да го стимулираме движењето со велосипеди на нашите граѓани на местата каде што тоа е дозволено согласно закон на велосипедските патеки и да промовираме дека во следниот период повеќе проекти од област на сообраќајот за движење на велосипедистите ќе бидат овозможувани за да направиме промоција за движење на велосипедот и грижа за сопственото здравје, изјави Бојан Петковски од ОСБСП Куманово.

 

 

Дваесетина велосипедисти беа дел од акцијата, кои велат дека користењето на велосипед е одлично алтернативно средство кое освен што не ја загадува околината е добро и за физичкото здравје.

– Јас секогаш кога треба некаде да патувам околу пет километри далечина секогаш користам велосипед и затоа е поздраво да се користи велосипед отколку авотмобили. Многу загадуваат автомобилите и многу гужва се создава низ градот и со тоа и на нас велосипедистите ни е потешко да проаѓаме, нема обележани велосипедски патеки и луѓето многу се помрзеливи кога не возат велосипед и затоа можат да излезат за релаксација да ја исфрлат негативната енергија, вели Александар Милошевски од ВК „Вело М“.

Loading...

 

 

Велосипедистите сепак истакнаа дека на градот му недостасуваат повеќе велосипедски патеки.

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply