Утре врнежи и грмежи, од четврток значително затоплување

Сподели со своите пријатели

Во Македонија утрово ќе има услови за локален дожд и зголемена облачност претежно во северните делови. Попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, а максималната темптература се очекува да достигне 21 степен.

Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од четврток.

Локални врнежи од дожд ќе има во следнава ноќ и утре наутро и ќе бидат со слаб до умерен интензитет.

Во среда попладне врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply