На вакцинација отишла во венчаница, оти свадбата морала да ја откаже (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Откако морала да откаже голема свадба поради пандемијата, Сара Студли од Балтимор ја облекла својата венчаница додека била вакцинирана против КОВИД-19.

Loading...

Таа рекла дека тоа претставува надеж.

Сара Студли и нејзиниот сопруг се свршиле во 2019 година, а минатата година планирале да направат свадба за околу 100 луѓе.

Сепак, поради влошената пандемија, тие морале да ја откажат големата прослава и направиле мала прослава за осум лица.

 

Студли отишла на вакцинација минатата недела и таа одлука решила да ја одбележи на посебен начин. Таа ја носела својата венчаница.

„Наместо прекрасниот фустан да виси само во плакарот, Сара го носеше на вакцинацијата“, објави твит на Универзитетот во Мериленд.

Loading...

– Тоа беше прослава за мене. Имаше толку грди моменти за време на пандемијата, толку многу работи што беа откажани, а овој фустан, ако ништо друго, претставува надеж – рекла Сара, а пренесува Инсајдер.

Leave a Reply