Полицијата во Русија го заплени Ламборџинито, кое и припаѓало на познатата руска инфлуенсерка Настја Ивлева, затоа што таа не платила 199 казни за прекршоци во сообраќајот.
View this post on Instagram
Настија Ивлева, добро познато име во Русија, се стекна со слава како водителка во познатото руско туристичко шоу „Ориол и Реша“, како и позирање за списанието Плејбој.
View this post on Instagram
Казните се однесуваат на повеќе сообраќајни прекршоци, како што се брзото возење, погрешно паркирање, прекршување на двојната полна линија и забранетите свртувања.
View this post on Instagram
Настија Ивлева објави на својот Инстаграм профил, наведувајќи дека нејзиниот луксузен спортски автомобил е запленет од полицијата затоа што не платила голема сума пари за нејзините сообраќајни прекршоци.
View this post on Instagram
Во меѓувреме, инфлуенсерката ги подмирила своите долгови и го зела нејзиниот автомобил.
View this post on Instagram
Иако точната бруто сума на пари за направените 199 казни не е потврдена, медиумите објавија дека нејзиниот „Lamborghini Aventador“ вреди околу 258.800 американски долари.
View this post on Instagram