Рестриктивните мерки ќе бидат продолжени за уште една недела, објавија дел од националните медиуми, повикувајќи се на неофицијални извори.
Одлуката, како што објави Сител, е донесена за продолжување на рестрикциите на територијата на целата држава, а утринава Главниот координативен кризен штаб по предлог на министерот за здравство Венко Филипе и Комисијата за заразни болести го прифатиле предлогот.
Владата утре треба да се произнесе по предлог одлуката.
Според она што било утврдено е дека рестриквните мерки ги даваат очекуваните резултати и уште една недела ќе остане полицискиот час од 20 часот, а затворени за гости ќе бидат угостителските објекти.
Неофицијално, по истекот на оваа недела се размислува отворање на угостителските објекти, но само на отворено.
Никола Ивановски