Филипче: Вакцинацијата на возрасните граѓани се одвива со добра динамика во цела држава

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во денеска во изјава за медиуми информираше за текот на вакцинацијата во А1 Арената Борис Трајковски каде во моментов се одвива вакцинација на граѓани помлади од 75 години.

– Денеска салата Борис Трајковски продолжува да работи како 4ти пункт за вакцинација во Скопје и сите граѓани кои уште на почетокот беа пријавени, а се на возраст под 75 години, односно 73 и 74 години ќе се вакцинираат тука во Салата во следните денови. Вакцинацијата ќе биде со вакцините кои ни се на располагање. Спутник В тоа што останаа после завршување на вакцинирањето на критичната инфраструктура, дел од вакцините на Астра Зенека и донацијата од страна на ОАЕ а тоа е кинеската вакцина, изјави Филипче.

Како што рече министерот, добро се одвива целокупниот процес на вакцинација и во салата Борис Трајковски, а и ширум пунктовите во државата.

Никола Ивановски

Leave a Reply