Понекогаш е подобро, како што велат, да не ја „гризнувате мечката“ во врска. Ова е особено точно за паровите меѓу кои не постои таква доверба каква што тие сакаат да имаат.
Ивана Власина (29) од Новосибирск ја открила мрачната страна на личноста на нејзиниот сопруг, исто како што видела со кого навистина имал работа.
Дознавајќи дека нејзината најдобра пријателка била убедена во тоа колку нејзиното момче ја сака па му го дала телефонот, а тој и го дал својот на 24 часа, Ивана посакала да го стори истото по Нова година. Бидејќи верувала дека нема што да крие од сопругот Антон (32), таа му предложила да го тестираат бракот на овој начин, а тој се согласил. Меѓутоа, истата вечер избила страшна расправија меѓу нив, по што завршила во болница.
Ивана го зела телефонот на нејзиниот сопруг и го однела со себе на работа. За време на паузите, таа прелистувала сè што било таму, не очекувајќи да најде нешто интересно. Телефонскиот именик бил без непознати луѓе, а вое во пораките со пријателите бил како што очекувала.
Но, гледајќи некои од неговите слики од времето кога тие биле во врска, таа се шокирала. Тој чувал повеќе од 50 фотографии од голи девојки што ги сликал прикрадувајќи со во базени или на река. И се слошило. Таа се прашувала со каков перверзен човек живее.
Меѓутоа, кога се вратила дома, ја пречекал нејзиниот сопруг, многу лут. Веднаш ја нападнал, прашувајќи ја кои се некои момчиња во телефонскиот именик и со кој Нико постојано се допишува. Ивана му посочи дека Нико е колега од работа, но Антон нашол многу прилично опуштени пораки меѓу нив.
Она што најмногу го налутило е што Ивана ги чувала телефонските броеви на сите нејзини поранешни момчиња дури и во бракот со него. Кога му признала дека нема да се откаже од тој дел од животот поради него, полупијаниот Антон и удрил шлаканица и ја опцул.
Ивана возвратила и тие се степале во собата. Жената завршила на подот со крвава глава додека паднала на масата и ја искршила. Тие отишле во болницата каде што била зашиена и останале таму два дена.
Тестирањето на верност им го отворил патот на овие сопружници да се разведат што се случило минатата недела.