Три лица го прекршиле полицискиот час во текот на изминатото деноноќие во Куманово, а за истиот период во однос на прекршувањето на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето биле казнети вкупно 81 лице.
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (08.04/09.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 112 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се во Куманово 81, во Крива Паланка 21 и во Кратово 10.
За истите, како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.
Во истиот период 3 (три) лица не ја почитувале забраната за движење и тие ќе бидат соодветно санкционирани.
Никола Ивановски