Хотел без гости? Да овде и тоа е можно! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Хотелската индустрија во светот беше значително погодена од пандемијата на коронавирусот во изминатата година. За еден хотел во Северна Кореја, од друга страна, ништо не се сменило од последните три децении.

Loading...

Имено, тој сè уште не прима гости.

Хотелот Риугионг се наоѓа во Пјонгјанг и има 105 ката. Изградбата на оваа зграда, препознатлива по пирамидалната форма, започнала уште во 1987 година, кога со земјата управувал Ким Ил-Сунг.

 

 

Сепак, денес, хотелот сè уште не е готов, поради што тој сè уште е запишан во Гинисовата книга на рекорди како највисоката зграда на светот во која никој не живее.

Севернокорејските власти одлучија да го изградат овој хотел со цел да ја докажат својата супериорност во однос на Јужнокорејците, кои пред Олимписките игри во Сеул во 1988 година донесоа одлука за изградба на облакодер со 63 ката.

Loading...

Планот беше новиот хотел во Пјонгјанг да има дури 3.000 соби и пет ресторани на самиот врв на зградата.

 

 

Специфичниот пирамидален дизајн на хотелот не е избран од естетски причини, туку од практични. Имено, тие не користеле железо во своите згради, туку само армиран бетон, така што било потребно толку висока зграда да има што е можно поширока основа.

Работата на хотелот била стопирана уште во 1991 година, бидејќи по распадот на Советскиот Сојуз, земјата минуваше низ голема економска криза.

 

Loading...

 

Египетската компанија Ораском, која донесе 3G технологија во Северна Кореја, се обврза во 2008 година да ја покрие старата и трошна фасада на хотелот со стаклени панели.

Засега не е познато дали и колку е работено на ентериерот на хотелот, но има информации дека завршувањето на изградбата на Рјујонг би чинело најмалку две милијарди долари, што е 10 проценти од бруто домашниот производ.

Од 2018 година, хотелот првенствено служи како голем екран на кој се емитуваат државни пропагандни пораки, пишува Дизајн Такси.

 

Leave a Reply