Лесно е да се разбере дека луѓето се плашат во време на пандемија и дека се плашат од инфекција и последиците, но гласот на разумот не треба да се губи.
За жал, тоа не бил случај во понеделникот на аеродромот во Орландо, кога обезбедувањето го испразнило целиот авион поради семејството чие дете јадело јогурт без маска!
Да, добро прочитавте! Авионот на „Спирит ерлајнс“ бил целосно испразнет поради четиричлено семејство, кое, дури и со најдобри намери, не можело да разбере што погрешиле.
– Напуштете го авионот. Земете си ги работите и ннапуштете го авионот. Одбивате да носите маски и да соработувате – можете да слушнете на видеото како стјуардесата зборува со членовите на семејството, односно со бремената жена во чиј скут седеше девојчето.
Американските медиуми објавија дека обезбедувањето конечно го испразнило целиот авион на Спирит ерлајнс, односно дека летот до Атланта им бил дозволен на другите патници само по два часа доцнење.
Претставник на компанијата следниот ден изјави дека семејството е протерано од авионот затоа што родителите биле тие што ги предизвикале проблемите и одбиле правилно да стават маски на лицето, но тоа не е она што го слушаме на видеото.
Записот дефинитивно потврдува дека стјуардесата се пожалила на двегодишното девојче кое, според нејзината мајка, пред сè е дете со посебни потреби.
NEW – Family is being thrown off a @SpiritAirlines flight from Orlando to NY because their two-year-old child is eating without a mask.pic.twitter.com/dOIZrbbJt6
— Disclose.tv ? (@disclosetv) April 5, 2021