Дали некогаш сте заглавиле на вашиот телефон, сакајќи да го завршите повикот? Оваа девојка споделува „генијален“ начин да се стави крај на повикот без да изгледа грубо.
Воач Вики – вистинско име Викторија Роуз Волдрип – неодамна се појави во серијалот Zane and Heath: UNFILTERED на ЈуТјуб. За време на шоуто, инфлуенсерката, модел и раперка доби повик на интернет, на што таа одговори нервозно.
Сепак, наскоро откако рече: „О ватс ап“, таа го заврши повикот – но не како што нормално би се очекувало.
Кога и заѕвони телефонот, домаќините и дозволија да одговори и го ставија соговорникот на звучникот. Сè уште не е целосно јасно кој ја повикал, но таа брзо ја спушти слушалката со притискање на копчето Airplane Mode на нејзиниот iPhone.
Зошто ова е особено добар начин да се стави крај на повикот? Па, ако го завршите повикот како и обично, ќе стои „Повикот е завршен“. Но, ако притиснете режим на Airplane Mode, ќе ви каже „Повикот не успеа“, како што би било кога го губите сигналот или WiFi не работи. Ако е FaceTime, ќе каже дека повикот е повторно поврзан пред да заврши.
Водителите и рекле дека треба да го стави на „ТикТок“, и изненадување: на профилот на емисијата веќе се собрани 11,4 милиони прегледи, со илјадници коментари од луѓе кои се обврзале да го искористат нејзиниот трик.
Еден корисник коментира: „Таа е всушност таен генијалец“. Друг напиша: „Го користам ова секогаш кога ќе ми здосади повик“.
Третиот напиша: „Не можам да верувам дека таа имаше смелост да им ја открие мојата тајна на милиони“.
@unfilteredHow To Hang Up On Somebody With Airplane Mode Hack♬ original sound – Zane and Heath