Среде бел ден, ТВ-новинар во Еквадор неодамна среде снимање го прекинал човек со пиштол, кој му ги зел мобилните телефони на него и на снимателот.
Во Еквадор, новинарот Диего Ординола и неговата снимателска екипа биле ограбени под закана со пиштол.
Екипата се обидела да го следи крадецот со камери, но откако слегол под мостот, веќе не можеле да го фатат.
Тие продолжиле со снимањето за да на полицијата им го олеснат барањето на криминалецот.
Новинарот, пак, им се заблагодари на сите за пораките за поддршка и повика на обединување на нацијата во борбата против криминалот.
Ni siquiera podemos trabajar tranquilos, esto ocurrió a las 13:00 de hoy en las afueras del Estadio Monumental.
La @PoliciaEcuador se comprometió a dar con estos delincuentes. #Inseguridad pic.twitter.com/OE2KybP0Od— Diego Ordinola (@Diegordinola) February 12, 2021