Фалсификуваните лекови се дел од поширокиот феномен на недоволно квалитетни лекови произведени под утврдените стандарди за квалитет и затоа се опасни по здравјето на пациентите и неефикасни во лекувањето на болести. Нивната употреба може да го продолжи времето на лекување и да ги влоши условите за третман.
Исто така, фалсификуваните антибиотици доведуваат до појава на резистентни микроорганизми, а во екстремни случаи, овие лекови можат да предизвикаат смрт на пациентот.
Примери за некои од фалсификуваните лекови во последните неколку години се „xenical“ (лек за третман на голазност), кој се продавал преку Интернет во САД во 2007 година и не содржел активна супстанца, потоа „zyprexa“ (за третман на шизофренија) и „lipitor“ (за намалување на холестерол), и двата исто така без активна супстанција, но пронајдени во легалниот ланец на снабдување во Велика Британија во 2007 и 2006 година, соодветно. Најлош случај во последно време беше традиционалниот лек против дијабетес, откриен во Кина во 2009 година. Лекот содржел шест пати поголема доза на глибенкламид од нормалното, што резултирало со смрт на двајца и хоспитализација на девет лица …