Сурова првоаприлска шега: Сакала да се пошетува со ќерката, а за кратко целата куќа била полна со специјалци

Сподели со своите пријатели

Арнтија Вилис (58) долго размислувала како може да ја измами својата ќерка на Денот на шегата, но планот што подоцна го реализирала, кажувајќи ѝ на својата ќерка дека е ранета од огнено оружје, не бил смешен за полицијата.

Loading...

Вилис е уапсена затоа што незаконски побарала помош од службата за итни случаи, соопшти полицијата, пренесува „ЦДМ“.

Нејзината ќерка ја известила службата за итни случаи дека нејзината мајка ѝ рекла дека лежи ранета во куќата, пишува локалниот весник „Вичита игл“.

– Неколку полициски единици дојдоа во куќата, веројатно 15-20 полицајци од полицискиот оддел Вичита, како и пожарникари и брза помош – рече полковникот на Вичита, Роналд Хант.

Бидејќи никој не одговарал на повиците, полицијата ја скршила вратата со штитови и пушки, рече Хант и тие не пронашле никого.

Хант рече дека мајката ја повикала својата ќерка од работа, „на шега“.

„Кога првоаприлската шега ја носи полицијата некаде, веќе не е смешно“, рече полицаецот Хант.

Leave a Reply