Ако ги правите овие 3 работи како Тесла, и вие сте натпросечно интелигентни!

Сподели со своите пријатели

Тесла бил еден од најголемите генијалци, но што придонело за тоа? Дали има некои „трикови“ со кои големиот иноватор се обидел да ја зголеми својата продуктивност и дали можеме да ги примениме за да станеме поуспешни?

Loading...

Никола Тесла е најпознат по својот придонес во дизајнирањето на електричниот систем на наизменична струја, но покрај тоа, неговото име стои на околу 300 патенти на разни пронајдоци.

За време на неговиот живот, Тесла постојано работел на проекти и често ги реализирал до крај. Имал и необични навики како спиење само два часа. Сепак, она што го постигнал не би било можно без строг сет на правила за зголемување на продуктивноста.

 

 

1. Размислете добро пред да преземете нешто

Никола Тесла честопати велел дека може да замислува машини и ретко цртал цртежи пред да започне со работа на нивната конструкција. Овој процес на визуелно размислување не е вообичаен за сите луѓе, но основната идеја е дека едноставно треба да се концентрирате на крајниот производ. Креативното размислување честопати бара релаксација и работење на проблем во главата.

Loading...

Во својата автобиографија, Тесла ја опишува постапката како што следува:

– Мојот метод е различен. Не брзам со конкретни дела. Кога ќе добијам идеја, веднаш почнувам да ја градам во фантазијата. Ја менувам конструкцијата, ја поправам и ја работам машината во главата. За мене е сосема ирелевантно дали ја тестирам турбината во главата или во работилница. Забележувам дури и ако не ми оди добро. Нема разлика, а резултатот е ист – напиша Тесла.

Големиот научник не е роден со овие вештини, но како дете правел одредени вежби за подобрување на функцијата на мозокот.

 

 

2. Одете на прошетка

Познато е дека одењето на кратка прошетка има свои предности кога станува збор за креативноста. Тесла, исто така, го имал ова мислење и иако неговите прошетки станале дел од неговото опсесивно-компулсивно однесување, тој имал неколку моменти на „еурека“ за време на нив. Еден од нив му донел идеја за наизменична струја:

Loading...

Во 1881 година, Тесла се преселил во Будимпешта, опоравувајќи се од нервниот слом, и додека шетал со неговиот пријател во паркот и рецитирал поезија, одеднаш имал идеја за наизменична струја.

 

 

3. Работете на проблемите сами

Како и многу иноватори и креативни ликови, Тесла ја застапувал тезата дека треба да се биде сам за време на создавањето и размислувањето.

Еве еден од неговите познати цитати:

– Умот е поостар и поконцентриран во осаменост и непрекината осаменост. Не е потребна голема лабораторија за размислување. Оригиналноста доаѓа од осаменоста без влијание што му штети на нашиот креативен ум. Бидете сами, тоа е тајната на пронаоѓачот, бидете сами, тогаш се раѓаат идеи – тврди Тесла.

Loading...

Leave a Reply