Приведен криминалец од Слупчане баран со потерница

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен жител на селото Слупчане, липковско, вчера бил приведен, откако по него имало распишана потерница.

Loading...

– На 24.03.2021 во 20.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле Н.А.(21) од с.Слупчане, кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, Н.А. е осуден на четири години затвор за извршено кривично дело  по чл.418 ст.2 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор – Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply