Видео од американската држава Тексас, создадено кога пајак службата се обидело да земе автомобил на жена поради неправилно паркирање, се шири вирално на интернет.
Loading...
Лута што ѝ го подигнале автомобилот, жената влегла во своето возило и стиснала на педалата за гас.
Прво неколку секунди „лизгаше“ со задните гуми, а потоа излезе од автомобилот за да види дали ќе успее да излезе.
– Никаде не одиш, мила. Се срамотиш – ѝ вели возачот на пајак службата што ја снимил.
Сепак, ова не го промени нејзините план, па таа се врати во автомобилот и повторно додаде гас.
На крајот, таа успеа да ги ослободи гумите, удри во возилата што беа паркирани зад неа и избега.
Loading...