„Молто Бене“ е најновата песна на кумановецот Леонард Благојевиќ – Леопард.
Loading...
Самио Благојевиќ е автор на текстот, додека за микс и мастер е заслужен младиот Марко Јаневски Пикац.
Песната има и видео запис под режисерска палка на уште еден кумановец, Матеј Костовски, кој за Кумановски Муабети вели дека идејата е спотот да се направи поразличен со ефекти и доза на над-реализам.
Loading...
Ова е само уште една од неколкуте песни со кои се враќа во живот рап музиката во Куманово.