Оброк салата е идеален избор за оние кои немаат време да готват оброк, како и за оние кои носат ручек од дома на работа. Освен што лесно се прават, салатите се полни со витамини, кои го зајакнуваат нашиот имунолошки систем, а бидејќи имаат малку калории, не придонесуваат за акумулација на вишок тежина.
Покрај тоа, оброкот салата е одлична опција за оние викенди кога сакате да се посветите на други активности, а не на готвење.
Овој пат ја избравме веганската верзија на оброкот салата, но ако сакате, можете да додадете парче пилешко на скара исечено на коцки, бифтек, туна или лосос. (Обидете се и со салата од пилешко и авокадо)
Витаминска оброк салата
Состојки:
300 гр зелка
1 морков
1 зелено или жолто пиперче
200 гр чери домати
1 репка
Околу 100 гр печена леблебија
50 гр рукола
½ лимон
½ Лажичка сол
3 лажици оцет
2 лажички маслиново масло
50 гр семе од сончоглед
магдонос, бибер (по вкус)
Подготовка:
1. Подгответе прво леблебија. Можете да користите конзервирана. Исцедете ја, па наредете ја на плех обложен со хартија за печење. Додадете сол и убаво посипете со маслиново масло, а потоа печете околу 30 минути на 180 степени.
2. За тоа време излупете го морковот и исчистете ја зелката, потоа изрендајте го зеленчукот или исечкајте го многу ситно.
3. Истурете го ренданиот зеленчук во голема чинија.
4. Исечете ги чери доматите на половина и додадете ги и во садот.
5. Додадете рукола и леблебија и прелијте го со преливот што сте го направиле од оцет, сок од лимон, маслиново масло, бибер, сол и магдонос). Измешајте сè добро.
Пријатно јадење !