Светот беше шокиран од приказната за осумгодишната блогерка од Украина, Милана Маханец и нејзината врска со 13-годишниот Паша, исто така блогер, поточно „скокотливите“ фотографии што оваа двојка ги објавува на Инстаграм.
Фотографии што не се соодветни за деца на оваа возраст – каде што тие двајца се бакнуваат, се заедно во бањата додека Милана мие заби во гаќички, таа седи на масата со раширени нозе додека тој и се приближува, а она што ги шокираше сите е тоа што објави со одобрение од мајката на девојчето кое во моментов го води тој профил на социјалните мрежи.
По повод овој случај, се изјасниле и експертите за безбедност на децата на интернет, Катарина Јонев истакнала дека однесувањето е ризично и секако неприфатливо за деца на таа возраст.
Се огласил и таткото на Милана, кој тврди дека немал идеја дека неговата сопруга на тој начин го „тргува“ детето – Милана е исто така модел кој често рекламира различни брендови на Инстаграм.
И сега се огласи и мајката на девојчето кое во медиумите веќе беше нарекувано украинска Јулија, Дарија Маханец.
„Пред седум месеци, Мила и Паша започнаа да работат на снимање реклами, а тие воопшто не се познаваа. Сега тие се во многу добри пријателски односи, освен што се и заљубени”, изјави Дарија за руските медиуми.
Мајката на девојчето додаде дека целата содржина објавена од Милан и Паша е исклучиво за деца и никој не се обидел да ги „сексуализира“.
„Ова е исклучиво детски формат, нивната врска е исклучиво детска. Тие дефинитивно немаат врска како возрасни што имаат сексуална природа”, нагласува таа и додава:
„Детето е со мене 24/7, не оди никаде без мене. Сè е под моја контрола. Никој не е принуден да снима ништо, самите деца го прават тоа со задоволство. Фотографијата на креветот значи точно она што може и да се види – да лежат, да се фотографираат, да се смеат “, вели таа , додавајќи дека сè е со цел да се снима.
„Милана спие со мене секоја вечер, таа секогаш е под мој надзор. Таа не спие со никој друг”, вели мајката.
Експлицитната содржина веќе го привлече вниманието не само на корисниците на социјалните мрежи, туку и на украинскиот правобранител.
Николај Кулеба рече дека веќе се обратил до Обвинителството, Министерството за внатрешни работи, па дури и до полицијата по ова прашање.