Жител на Липково викендов бил приведен на Граничниот премин Табановце, поради сомнение дека е сторител на кривично дело.
Loading...
– На 20.03.2021 во 13.30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода А.А.(41) од село Ваксинце, општина Липково, затоа што при контрола било констатирано дека се наоѓа на Стоп – листа поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело, информираат од Минситерството за внатрешни работи.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Никола Ивановски