Недела прогноза за Куманово: Врнежите продолжуваат!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од снег на планините и на повисоките места.

Loading...

На југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови.

Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен, односно северозападен ветер.

Loading...

Температурата во утринските часови ќе биде три степени под нулата, кога сѐ уште ќе има врнежи од снег. Во текот на денот максималната температура ќе достигне еден степен, а ќе се задржи дождот.

 

 

Слично време во кумановско нѐ очекува и утре. Облачно со врнежи од дожд, но со послаб интензитет споредбено со денеска. Утринската температура ќе биде два степени во негатива, а дневниот максимум ќе достигне четири степени.

Услови за врнежи од дожд ќе има и во среда. Утринската температура ќе биде во опаѓање и ќе изнесува четири степени под нулата. Дневниот максимум се очекува да достигне три степени целзиусови.

Сончево до умерено облачно, но повторно со услови за слаб дожд ќе биде во четврток. Во утринските часови ќе имаме температура од -4, а максималната дневна ќе достигне четири во позитива.

Врнежите конечно ќе престануваат во петок кога ќе има и потоло време. Утринската температура и натаму ќе биде под нулата, и ќе се движи околу -1. Максималната дневна ќе достигне 8 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Викендот што претстои ќе имаме мирно време со раст на дневните температури.

Во сабота ќе имаме сончево до умерено облачно време. Минималната температура во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, а дневниот максимум ќе се искачи до 10 степени целзиусови.

Недела носи сончево до умерено облачно време. Утринската температура ќе биде околу нулата, а дневниот максимум се очекува да достигне 13 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Слично време ќе се задржи и кон почетокот на следната работна недела.

Leave a Reply