Прекината семејна веселба во Куманово

Сподели со своите пријатели

Полициски службеници во Куманово прекинале семејна веселба во куќа при што биле затекнати повеќе гости, а не се почитувале здравствените протоколи.

Loading...

– На 21.03.2021 во 11.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во семејна куќа во Куманово се одржувала семејна веселба односно не се почитувале здравствените прописи за време на епидемија, индормираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, службеници од СВР Куманово извршиле контрола и во семејната куќа во сопственост на Т.М.(29) биле затекнати повеќе лица-гости.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по чл.206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

Никола Ивановски

Leave a Reply