НАСА успешно ја тестираше најсилната ракета во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американската вселенска агенција НАСА успешно ја тестираше најмоќната ракета во светот, наречена SLS (Space Launch System).

Loading...

Моторите на оваа ракета работеа повеќе од осум минути, што е доволно време за ракетата да стигне до вселената од земјата.

SLS е дизајниран да им овозможи на луѓето да патуваат на Месечината за прв пат од 1972 година и е дел од проектот Артемис, кој беше лансиран од НАСА во 2017 година.

Ракетата има четири моќни RS-5 мотори и два бустери настрана, а јадрото што се користи за тестот ќе се користи и за првиот вистински лет, закажан за крајот на годината.

Тој беше прикачен на рампата во вселенскиот центар „Стенис“, кој исто така се користеше за тестирање на ракетата Сатурн V – токму онаа во која мисијата Аполо патуваше на Месечината.

 

Leave a Reply