Раст од 2,5 милиони евра при наплата на даноци во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Секторот за даноци и такси при Општина Куманово бележи раст на наплата на данок од 2,5 милиони евра во последните три години споредбено со периодот од 2015, 2016 и 2017 година.

Ретроактвната наплата, според груби проценки, вели Стојановски, донела 15 до 20 милиони денари повеќе средства во Буџетот на Општина Куманово.

– По Закон за даноци на имот секој сопственик кој дошол до имот односно кој направил промена обврзан е во рок од 15 дена од момент на добивање на употребна дозвола или впишување во Агенција за катастар на надвижности да го пријави во Општина Куманово. Доколку тоа не го направи, законски се прави јавна покана до 31 јануари да го пријават тој имот, за жал таа пракса не е често застапена. Општина Куманово за жал иако се уште нема активирано даночен инспектор, ама ќе го направи тоа оваа година, има право да им пише казна на сите субјекти физички и правни и освен казна да ги задолжи ретроактивно со записник, рече Стојановски на последната седница на Советот.

Секој кој нема да плати данок ќе се соочи со две опомени, а на крај и со блокирана сметка. Сепак засега се блокираат сметки само на правни субјекти.

– Два пати Општина Куманово правеше обид за блокада на физички лица кое досега во Општината не е направено, правни лица постојано блокираме затоа што имаме систематизирано место даночен извршител и сите тие пари што се наплатени сме ги наплатиле сами, освен оние што немаат активни сметки, а блокадите стојат во банки. Првиот момент кога поднесовме решение за блокирање на физички лица беше 2019 година на крај и таму ги опфатиме сите години со сите возможни задолженија, рече тој.

Стојановски уште еднаш потенцираше дека нема промена на тарифникот за данок на имот, а доколку некој граѓанин има нејаснотии по однос на издадено решение може да дојде во Секторот за даноци и такси и доколку е направена грешка истата да се корегира.

Оние кои не се задоволни од издаденото решение, имаат право истото да го обжалат пред Управен суд.

Никола Ивановски

Leave a Reply