Под влијание на влажен бран, од сабота до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
Повремено врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30л/м2).
На планините ќе се формира нова снежна покривка.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, кој во недела во текот на денот ќе го промени правецот во северен.
Никола Ивановски