Брачниот пар Шелин, Крис (34) и Џес (31) со години се обидувале да имаат деца, а своето прво девојче Ада (2) го добиле со вештачко оплодување.
Нивната желба била да имаат повеќе деца, но според медицинските прогнози, тоа било скоро невозможно бидејќи Џес веќе имала јајца како жена на четириесет години на раните дваесетти години, па тие почнале да се помируваат со тој факт.
Се подразбира дека биле шокирани кога дознале дека Џес е бремена – природно.
За целата работа да биде уште поголем благослов, тие брзо дознале дека носи близнаци!
„Бев возбудена и воодушевена кога сфативме дека носам близнаци. Не можев да верувам дека е вистина сè додека не се родија. Благодарна сум и среќна, тоа се наши мали чуда. Мислевме дека никогаш нема да имаме повеќе деца по Ада, но имаме уште две момчиња и пресреќна сум што сите три ќе растат заедно“, вели мајката од Њујорк, додавајќи дека е многу смешно кога на луѓето ќе им кажат дека близнаците не делат ист датум на раѓање.
Малиот Ерик е роден на 19 јануари во 23:52 часот, а неговиот брат Алберт десет минути подоцна, на 20 јануари во 12:02 часот.
Освен што не делат роденден, Ерик и Алберт немаат ниту ист хороскопски знак – Ерик е Јарец, а Алберт е Водолија.
Се разликуваат и според изгледот бидејќи се двојајчани, па Ерик повеќе личи на неговиот татко, а Алберт на мајка си.
Луѓето секогаш се збунети кога Џес вели дека момчињата се близнаци, а има толку многу разлики меѓу нив.