Мургашанска: За програми и мерки за вработување издвоени 24,5 милиони евра

Сподели со своите пријатели

За активни програми и мерки за вработување  издвоени се 24,5 милиони евра, рече денеска на прес конференција претседателката на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска во име на член на Форумот на жени на Општинската организација на СДСМ.

Loading...

– Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот оваа година изнесува 1,5 милијарди денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, Целта на овие принципи е да се постигне рамномерна поддршка со Оперативниот план, која нема да биде селективна и која ќе ги опфаќа сите категории на граѓани. Владата ги креира економските мерки за спас на секое работно место, но никој нема да биде оставен сам. Оние кои во оваа криза ги изгубија своите работни места ќе бидат опфатени со овој Оперативен план, Во моментов здравјето на граѓаните е приоритет, сѐ останато ќе надокнадиме заедно, изјави Мургашанска.

Целта на Оперативниот план, вели Мургашанска, е различни ранливи категории на невработени лица, млади лица, жени, лица со попреченост, лица кои ја загубиле работата поради корона кризата, побрзо и полесно да пристапат на пазарот на трудот.

– Преку мерката „Економија на грижа“, односно Обука и вработување на лица за услуги на грижа во заедницата за лица со попреченост и лица со хронична болест, обезбедуваме обука за невработени лица за стекнување стручни квалификации и вештини. Во наредните 10 месеци тие ќе обезбедуваат грижа за лицата со попреченост  и  за лицата со хронични болести и затоа ќе добиваат месечен надоместок од 30.780 денари, појасни Мургашанска.

Со оваа мерка, како што вели, се опфатени 150 лица.

Никола Ивановски

Leave a Reply