Точно едена недела граѓаните на Куманово, но и целата држава живеат со полициски час. Во 22 часот сите треба да бидат во своите домови, излегувањето и движењето е можно само со посебни дозволи и во итни случаи по претходна најва во полицијата.
Неколку миниту пред да започне полицискиот час, нашата екипа беше на градскиот плоштад. Врвулицата од автомобили по улиците стивна. Можеше да се забележи само по некое возило по улицата „Доне Божинов“, а патролираше и возило на Секторот за внатрешни работи Куманово.
Само силниот ветер ги озвучуваше тивките улици по кои не минуваше никој.
Од градскиот плоштад се упативме на најфрекфентниот пункт во градот. Тројца полицајци стоеја на силниот ветер и празната улица на влезот од Куманово. Набргу се создаде мал метеж од авотмобили, комбиња и автобуси. Сепак сите од нив имаа дозволи кои уредно ги прикажаа на полицијата и беа пропуштени да продолжат кон своите домови. Сите се враќаа од нивните работни места во Скопје.
Оттаму продолживме на друг пункт, оној лоциран на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во населбата Карпош. И таму тројца полициски службеници стоеја покрај патот. Но, за разлика од влезот на градот, тука немаше скоро никакво движење.
За половина час колку што се задржавме таму, помина само едно лице во автомобил кое уредно ја покажа дозволата и продолжи по патот кон дома.
Се покажа дека кумановци го почитуваат полицискиот час, се движеа само оние кои имаа дозвола и се враќаа од работните места по завршената втора смена. Сите поседуваа уредни дозволи за движење, а тоа го покажува и статистиката на СВР Куманово, дека во текот на изминатото деноноќие не се регистрирани прекршувања на полицискиот час.
Откако е воведена мерката за ограничување на движењето помина една недела, во која се изречени 18 казни од кумановската полиција, додека во текот на изминатата година таква казна добиле 256 граѓани, од кои 178 на територијата на Куманово, Липково и Старо Нагоричане, додека останатиот дел во Крива Паланка, Кратово и Ранковце.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово апелираат ако граѓаните мораат да излезат заради итност, тоа да го пријват на 192, во спротивно можат да добијат кривична пријава.
– На подрачјето на СВР Куманово распоредени се неколку пунктови на влез и излез од градот и како што имавте можност да видите се контролира секое возило, се вршат проверки дали истите поседуваат дозвола за движење. Би сакала да ги информирам граѓаните дека доколку имаат нужна потреба да се јават на 192 за да добијат дозвола за движење, за да не се доведат во ситуација да се соочуваат со кривични пријави, изјави Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.
Полицискиот час, според надлежните останува на сила, а тоа го најави утринава и министерот за здравство Венко Филипче, потенцијарќи дека државата минува низ третиот бран од заразата.
Во Куманово заклучно статистиката од вчера, активни се 418 случаи, а 95 лица се лекуваат во Општа болница Куманово. Од почетокот на епидемијата, Куманово бележи 6.030 инфицирани од вирусот, додека починати се 220 лица.
Никола Ивановски