Се наоѓаме во третиот бран од пандемијата, рече денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче, потенцирајќи дека бројот на аквитни случаи во текот на изминатите четири недели константно расте.
– Се наоѓаме во екот на третиот бран, изминатите четири недели имаме постојан раст на бројот на активни случаи, според извештајот на Институот за јавно здравје имаме активни случаи и раст од околу 5.000 случаи во последниот месец, од 15 февруари до 15 март. Тоа што се забележува е дека во оние градови каде што во изминатите две до три недели имаше значајно зголемување на инциденцата е нешто намалена, но има зголемување во други градови каде ситуацијата беше мирна, изјави Филипче.
По координацијата со членовите на Комисијата за заразни болести утринава, одлучено е да не се воведат нови рестриктивни мерки, туку да остане сегашната забрана за движење по 22 часот.
– Констатирнао е дека оние градови каде имаше значајно зголемување на инциденцата сега има одредено намалување, тоа се Валандово, Крушево, Кавадарци и Прилеп, има значаен број пациенти што се хоспитализирани, а има зголемување во Скопје, Гостивар и Велес. Оваа сегашна важечка рестрикција треба да остане иста, нема да се надополнува и дефинитивните резултати ги очекуваме кон крајот на оваа недела или почетокот на следната, изјави Филипче.
Евентуални нови мерки ќе се носат во понеделник, по анализа на новите бројки.
Се зголемува притисокот кон болниците, рече Филипле, додавајќи дека се пополнети околу 1.100 болнички места, активни се сите ковид одделенија, но слободни кревети има.
Никола Ивановски