Две лица го прекршиле полицискиот час, 50 не носеле маска во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица во текот на изминатото деноноќие го прекршиле полицискиот час во Куманово, додека 50 биле казнети поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштита на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (15.03/16.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 83 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од нив, во Куманово 50 во, Крива Паланка 20 и во Кратово 13.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

За истиот период 2 лицa не ја почитувалe забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply