Познато е дека дневниот внес на зеленчук во организмот го штити имунитетот и нè прави здрави, бидејќи содржи многу витамини и минерали.
Еден од најдобрите, и често занемарувани зеленчуци е пиперката, која обезбедува цела низа придобивки за организмот, пишува Bright Side.
И особено е важно да се јадат бабури, посочуваат експертите.
Извор на железо
Пиперката е добар извор на железо, и богата е со витамин Ц, кој помага во подобра апсорпција.
Недостатокот на железо е една од најголемите причини за анемија, а пиперката може да го реши овој проблем.
Го подобрува видот
Пиперките имаат многу витамин А и каротеноиди кои можат да ви помогнат да ги одржувате здравите очи.
На овој начин, тие можат да ја заштитат мрежницата од оксидативно оштетување, па дури и да го намалат ризикот од таканаречени „сенилни болести на очите“, како што се катаракта или слепило.
Ја обновува оштетената кожа
Витаминот Ц, исто така, игра голема улога во производството на колаген, кој ја одржува вашата кожа млада и здрава.
Исто така може да го забрза закрепнувањето на оштетената кожа.
Го штити срцето и спречува мозочен удар
Лизопинот е еден од каротеноидите кои се наоѓаат во пиперката. Оваа компонента помага да се подобри кардиоваскуларното здравје и спречува мозочен удар.
Со внесување на пиперка во организмот се регулира крвниот притисок, како и холестеролот во крвта.
Спречува формирање на проширени вени
Супстанцијата капсаицин, присутна во пиперката, игра улога во спречување на проширени вени.
Тоа го прави благодарение на неговите антиоксидантни и имуносупресивни ефекти.
Здравје на коските
Благодарение на манганот кој се наоѓа во пиперките, заедно со цинк и бакар, тој е неопходен за здравјето на коските.
Покрај тоа, витамините Ц и К имаат антиинфламаторни својства и можат да спречат остеопороза
Поздрава функција на дебелото црево
Паиперката е добар извор на диетални влакна, а со тоа може да помогне во одржување на цревното здравје и да спречи одредени гастроинтестинални нарушувања.
Диететските влакна, заедно со фактот дека има 90% вода во пиперката, помагаат и за слабеење.
Го подобрува имунитетот
Сто грама пиперка содржи 17 проценти од препорачаната дневна количина на витамин Б6, што значително влијае на имунитетниот систем и ако не го добиете доволно од него, може да спречи вашето тело да произведува антитела неопходни за борба против инфекциите.