Вакцината против „ковид-19“, изработена од Институтот за микробиологија на Кинеската академија на науките (ИМЦАС), доби зелено светло за итна употреба во Кина, соопшти во понеделникот институтот.
Вакцината ZF2001, која е во доцните фази на клиничкото испитување, насочено кон регрутирање на 29.000 учесници низ Кина, Узбекистан, Индонезија, Пакистан и Еквадор, беше одобрена за употреба во Узбекистан претходно овој месец, според Ројтерс.
Кинескиот закон за администрација на вакцини дозволува итна употреба на вакцини „до одреден степен и во рок“, среде голема здравствена криза.
Меѓу четирите вакцини одобрени од Кина за општа јавна употреба, три имаа одобрение за вакцинација во мали итни случаи пред да добијат дозвола за употреба во пошироката јавност, пренесува Ројтерс.
Во соопштението на ИМКАС не било наведено кои групи ќе имаат пристап до вакцината.
Вакцината, која заеднички ја развија IMCAS и единицата за биолошки производи „Чонгкинг Жeифеи“, се покажа дека е безбедна и предизвикува имунолошки одговор во раните и средните фази на тестовите врз луѓето, според трудот објавен минатата година пред преглед на експерти.
Кина, која ги забрзува напорите за вакцинирање на своето население против ковид-19, досега администрираше околу 65 милиони дози.
Земјата допрва треба да одобри вакцина изработена од странски компании.