Taa ноќ, на Земјата се отворил пеколот: Најбруталната одмазда што ја памети историјата!

Сподели со своите пријатели

Денес е тешко да се најде личност во светот која дури и не слушнала за Хирошима и Нагасаки, јапонски градови каде што биле фрлени две атомски бомби во Втората светска војна.

Loading...

Поради оваа „црна слава“, уште еден ужасен настан од историјата на конфликтот во Пацификот целосно паднал во сенка – американското мартовско бомбардирање во Токио.

И, ако некогаш постоел „пекол на земјата“, тој се отворил тогаш… Ноќта помеѓу 9 и 10 март 1945 година.

 

 

По нападот на Јапонците на Перл Харбор на 7 декември 1941 година, Америка на секој начин барала како да и се одмазди на Јапонија. Војната беснеела, јавноста била во шок, а нападот врз Токио изгледал како логичен контранапад.

Сепак, поради оддалеченоста на Јапонија од најблискиот аеродром од кој можеле да полетаат американските бомбардери, никој не знаел како всушност да го стори тоа.

Loading...

Решението го понудил капетанот Франсис Лоу и потполковник Џејмс Х. Дулитл, познат цивилен пилот и аеронаутички инженер уште пред војната. Нивниот план предвидувал нападот да го извршат бомбардери кои ќе полетаат од носачот на авиони.

Ова прво се случило кога т.н. „Напад на Дулитл“ на 1 април 1942 година го бомбардирал Токио. Тактички, акцијата била целосно неуспешна – сите бомбардери вклучени во акцијата биле изгубени, а значителен број пилоти биле убиени или заробени. Меѓутоа, кога веста за бомбардирањето на Токио стигнала до Америка, настана масовна еуфорија.

 

 

Целата нација славела, а Џими Дулитл бил поздравен како национален херој по враќањето затоа што – тој докажал дека Јапонија не е недопирлива!

И така започнало сѐ…

Најлошото бомбардирање во историјата

Loading...

Тоа била пресвртница во војната за Пацификот. После тоа, Американците масовно ги бомбардирале јапонските градови, особено во текот на 1945 година.

Иако Хирошима и Нагасаки се најпознати по фрлањето атомски бомби, Токио всушност ја носи неславната титула на градот кој претрпел најмногу, не само во Втората светска војна, туку и во историја на војувањето!

Американските бомбардери летале на голема надморска височина каде јапонската противвоздушна артилерија не можела да ги достигне. Не било особено важно што на тој начин неправилно се фрлале бомбите и биле убиени голем број цивили и уништени цивилни предмети.

И тогаш американските воздухопловни сили излегле со уште пострашна идеја… Бомбардерите биле опремени со запаливи бомби кои експлодираат кога ќе удрат на земјата, фрлаат врел бензин во сите правци и со тоа формираат неколку помали пожари кои се спојуваат во голем пожарен елемент.

Станбените згради во Јапонија скоро целосно изработени од дрво немале шанса против нив… И ниту луѓето во нив!

 

 

Loading...

Пекол на Земјата

Ноќното бомбардирање на Токио со запаливи касетни бомби ноќта помеѓу 9 и 10 март 1945 година, многумина го сметаат за злосторство против човештвото. Во градот бил доставен пожарен елемент, кој проголтал сè пред себе.

Датумот не бил избран случајно – се очекувало влажноста да биде мала, воздухот да биде сув и да дува ветер. И, на 9-10 март, условите биле совршени!

Повеќе од три часа американските авиони го бомбардирале Токио. Изгореле 41 квадратен километар простор, а огнот што се проширил така го зафати и остатокот.

Сведоците подоцна рекле дека воздухот бил толку врел што луѓето гореле. Кислородот целосно исчезнал, така што оние кои не биле директно погодени од бомбите, се задушиле.

Барајќи спас, илјадници луѓе побегнале кон реките. Оние што се нашле на мостовите морале да скокаат од нив затоа што металот се вжештил и асфалтот се стопил.

Loading...

 

 

Улиците и бреговите биле покриени со трупови изгорени до непрепознатливост, а добар дел буквално се претвориле во прашина и пепел.

На крајот, бројките изгледале нереални. Иако жртвите никогаш не биле изборјни во целост, се проценува дека над 100.000 луѓе починале во тие три часа во Токио, иако некои историчари наведуваат бројка од 200.000.

Loading...

Поради состојбата на телото и фактот што реките однеле некои трупови во океанот, над 90 проценти од жртвите никогаш не биле идентификувани. Околу 1,5 милиони цивили останале без покрив над главата.

Овие индикатори го прават бомбардирањето на Токио на 9 и 10 март 1045 година, најсмртоносниот напад во историјата на човештвото!

 

Leave a Reply