ИСТРАЖУВАЊЕ: Мажите кои испраќаат фотографија од „алатот“ ги имаат овие карактеристики!

Сподели со своите пријатели

Ново истражување открива дека постојат само два типа на мажи кои им испраќаат на жените несакани слики од нивните „алатки“.

Loading...

Првиот тип се нарцисоидни и сексистички мажи, а вториот се буквално „будали“.

Од 1.087 мажи кои учествувале во истражувањето, 48 проценти признале дека претходно им испраќале на жените несакани фотографии од нивните гениталии.

Објавувајќи ги своите наоди во „Журнал за истражување на сексот“, авторите на студијата користеле серија прашалници за да го проценат карактерот на учесниците и откриле дека мажите кои објавувале слики од своите алатки, пријавиле повисоки нивоа на нарцизам, како и непријателски сексизам.

Нарцисите имаат тенденција да се воодушевуваат себеси, честопати верувајќи дека се подобри од другите.

 

 

Loading...

Причини за испраќање

Кога истражувачите ги прашале испраќачите зошто го сториле тоа, 15 проценти од нив рекле дека тоа ќе предизвика страв кај примателот, а 8 проценти го сториле тоа во надеж дека ќе предизвикаат чувство на срам.

Покрај тоа, многу учесници признале дека тоа го сториле заради сексизам и контрола – некои признаа дека испраќањето такви слики им дава чувство на контрола над личноста на која и ја испраќаат.

Генерално, било откриено дека испраќачите имаат тотално погрешен поглед на тоа, бидејќи огромното мнозинство верувало дека ваквите слики ќе предизвикаат позитивни чувства кај примателот.

 

 

Сосема неуки

Loading...

Смешни 82 проценти од оние кои испратиле фотографии од пениси изјавиле дека тоа го сториле за сексуално возбудување на жените, додека 50 проценти се надеваат дека фотографијата на нивниот пенис ќе ги натера жените да се чувствуваат привлечно.

Скоро 45 проценти испратиле вакви фотографии во надеж дека понудата ќе биде возвратена на некој начин. Повеќето очекуваат да добијат секси слики за возврат, а некои оптимисти тврдат дека на тој начин би можеле да имаат повеќе секс – со повеќе различни жени.

Она што изненадува е што помалку од една петтина од нив изјавиле дека ги испратиле фотографиите од сопствено сексуално возбудување или задоволство.

Затоа, може да се заклучи дека повеќето мажи кои се впуштаат во вакво однесување едноставно не веруваат на своето лице за да остават вистински впечаток и веруваат дека „нивната гордност“има подобра игра, пишува Ifl Science.

Leave a Reply