Корисникот на ТикТок, Хелен, на својот профил сподели необична приказна за тоа како пораснала верувајќи дека слуша нормално и дека сите луѓе го слушаат истото како неа, иако, како што се покажало подоцна, таа е скоро глува.
На видеото, кое е прегледано повеќе од два милиони пати, Хелен вели дека секоја година одела на тестови за слух во рамките на училиштето, пишува „Унилад“.
– Јас секогаш паѓав на тие тестови и секогаш ме прашуваа дали сум била болна во последните неколку недели, а бидејќи бев болна како дете, им ја кажав вистината – да. Така би го оправдувале мојот лош слух со „затнати синуси“ – вели Хелен во видеото.
Таа додава дека првиот тест за слух го направила на 12-годишна возраст и дека истата ситуација на испитите се случувала сè до нејзината втора година од средното училиште, кога наполнила 16 години.
– Таа година бев повикана во канцеларија по тестот за слух каде ми рекоа дека сум паднала. Признав дека не е ништо ново и дека паѓам секоја година, тогаш направивме уште еден тест и не поминав повторно – објаснува девојчето.
По консултација со нејзините родители, таа била испратена кај друг лекар, каде тестот повторно покажал неповолни резултати.
– Потоа испуштија многу гласни звуци и ми измерија нешто во главата. Резултатот беше полош од порано. Во тоа време, сè уште немав добиено дијагноза, освен што дознав дека слушам помалку отколку што мислев – вели Хелен.
Конечно, специјалист по ОРЛ дијагностицира отосклероза, состојба што може да предизвика умерено до сериозно губење на слухот.
„Коските во ушите што би требало да го спроведуваат звукот тоа не го прават правилно“, објасни Хелен.
Ѝ било понудено да носи слушни помагала или да направи операција на увото, но тоа со себе носи ризик да остане целосно глува.
Одлучила да носи помагала за слух и денес е горда на своите помагала и фактот дека е дел од заедницата на лица со оштетен слух, раскажува во видеото.
@spritecranberryfanaccReply to @spritecranberryfanacc pt 2 CC’D !!♬ original sound – helen